Дома Топ вести Првиот човек на Лига 1: Не постои клазула во договорот на Нејмар, тоа би било незаконски

Првиот човек на Лига 1: Не постои клазула во договорот на Нејмар, тоа би било незаконски

Бразилецот Нејмар минатото лето подигна голема прашина откако ја напушти Барселона и одлучи кариерата да ја продолжи во дресот на Пари Сен Жермен кој за него плати огромни 222 милиони евра.

Нејмар после четири сезони во Барселона донесе одлука дека е време за нов чекор во неговата кариера, а со трансферот во ПСЖ стана најскапиот фудбалер во историјата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, иако минатото лето пристигна веќе со месеци се шпекулира дека ова лето би можел повторно да го промени клубот. Како негова наредна дестинација најмногу се споменуваше Реал Мадрид кој според медиумите е спремен да плати 300 милиони евра.

Меѓутоа, иако се пишуваше дека Нејмар има откупна клазула во својот договор на крајот се покажа дека тоа не е точно.

Директорот на француската Лига 1, Дидиер Куилот ги отстрани сите дилеми во врска наводната клазула во договорот на Нејмар.

„Клазулата на Нејмар? Па, единствен начин тој да го напушти ПСЖ е двата клуба да се договорот за висината на оштетата. Не постои никаква откупна клазула во неговиот договор. Исто така сакам уште еднаш да кажам дека таквите клазули се незаконски во Франција“, порача Куилот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул поворно не победи, Клоп и Салах се скараа🎥

Ливерпул и дефинитивно испадна од трката за титулата откако попладнево одигра само 2:2 на …