Дома Фудбал Англија Сензационална БОМБА на повидок: Ливерпул краде фудбалер на „Црвените ѓаволи“

Сензационална БОМБА на повидок: Ливерпул краде фудбалер на „Црвените ѓаволи“

Англиските медиуми пренесуваат дека Клоп во своите редови би можел да го донесе фудбалерот на „Црвените ѓаволи“.

Како што пренесува порталот „101 Great Goals“, Мауран Фелаини следната сезона би можел да го носи дресот Ливерпул.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Овој 30-годишен Белгиец, кого Жозе Мурињо исклучително го почитува, има договор со клубот од „Олд Трафорд“ до крајот на тековната сезона и често се пишуваше за неговото заминување, и покрај фактот дека Мурињо сака да го задржи.

На некогашниот играч за врска на Евертон секако му одговара соработката со португалскиот стратег, но како што се наведува дека не сака повеќе да ги слуша негативните коментари на своја сметка и дека поради тоа се чувствува непосакувано во Манчестер, па се појасно е дека ќе ја напушти екипата по завршувањето на сезоната.

Јирген Клоп од друга страна бара еден централен играч за врска со изразно физикалните и дефанзивните квалитети, постои и шанса екипата би можел да ја напушти и Емре Џан, па Германецот покажа интерес за Белгиецот, кој на „Енфилд“ би можел да стигне без обештета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Најскапо продадениот играч на Арсенал во историјата на 32 години не може да најде клуб

Поранешниот англиски репрезентативец Алекс Окслејд-Чемберлејн од крајот на август годинава…