Дома Фудбал Репрезентации Шанса за Дибала или Икарди, Сампаоли и да не сака ќе биде приморан еден да повика?

Шанса за Дибала или Икарди, Сампаоли и да не сака ќе биде приморан еден да повика?

aguero

Селекторот на Аргентина, Жорге Сампаоли, до сега беше упорен, па Паоло Дибала и Мауро Икарди не добиваа повик во дресот на репрезентацијата, но сега би можел и тоа како да размисли.

Имено, Серхио Агуеро се повреди и според најавите на докторите би можел да го пропушти Светското првенство.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На напаѓачот на Манчестер Сити ќе му биде извршена операција откако неговата ситуација со коленото му беше влошена. До крајот на сезоната сигурно нема да го гледаме на терените, а би можел да го пропушти и Мундијалот.

„Агуеро направи атроскопија на само 60 дена пред почетокот на Мундијалот и тоа е загрижувачко. Опоравувањето трае најмалку неколку недели, посебно бидејќи напаѓачот веќе имаше проблеми со истото колено. Мислам дека, дури и да биде подготвен за Мундијалот, нема да може да игра во најдобра форма“, изјави докторот на репрезeнтацијата на Аргентина, Д’Aгостино.

Доколку Агуеро не биде спремен да патува во Русија, многу веројатно дека повик ќе добие еден од Паоло Дибала и Мауро Икарди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ипсвич се врати во Премиер лигата

Ипсвич со победа на Хадерсфилд од 2-0 го завери пласманот во Премиерлигата каде се враќа п…