Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа ќе ги напушти редовите на тимот од „Олд Трафорд“.
Така барем тврди шпанскиот „Don Balon“ кој има информации дека 27-годишниот голман ги договори сите услови со Реал и дека од лето ќе го облече дресот на Реал Мадрид. Работата ја завршил познатиот агент Хозе Мендеш. Тој успеал да го убеди својот клиент, Жозе Мурињо да го продаде голманот на Реал, кој сигурно ќе му донесе квалитет на актуелниот шампион на Европа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Де Геа беше блиску до Реал на последниот ден од трансфер периодот 2015. година. Тогаш беше постигнат договор помеѓу клубовите, но документите пристигнаа неколку секунди по завршување на трансфер периодот и договорот пропадна. Така шпанскиот голман по седум години ќе го напушти „Одл Трафорд“. Во овој клуб пристигна во 2011. година од Атлетико Мадрид и сигурно, дококлу се пресели во Реал, навивачите на Атлетико нема да му простат.