Питер Крауч од секогаш на фудбалскиот терен привлекуваше внимание.
Со висина од 201 сантиметар, 37-годишниот Англичанец е еден од највисоките фудбалери кои се појавиле на зелениот терен, а Крауч секогаш се обидува максимално да биде забавен и надвор од фудбалскиот свет
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Крауч е голем обожавател на голф. Често, за време на одморот од професионалните обврски, тој одлучува да го игра овој спрот, а неговите фотографии од теренот за гол привлекоа големо внимание.
Стапот за голф во неговите раце не делува најдобро. Висината очигледно му претставува проблем кога станува збор за ударите, а фотографиите кои се појавија ги насмеаа многумина.