Дома Фудбал Тотенхем сигурен во ЛШ, Брајтон се заштити од опасната зона (ВИДЕО)

Тотенхем сигурен во ЛШ, Брајтон се заштити од опасната зона (ВИДЕО)

Не беше ова претерано важен меч ниту за една екипа, бидејќи целите отприлика се остварени.

Тотенхем речиси ја осигура Лигата на шампионите бидејќи има осум бодови повеќе од петтопласираниот Челзи, додека Брајтон е сигурен и следната сезона во ПЛ бидејќи има осум бода повеќе од опасната зона.

Вечерва првиот погодок беше виден во 48. минута, кога Хари Кејн ја погоди мрежата на домашните по асистенција на Сон, но домашните до бод дојдоа по само две минути откако Грос беше прецизен од белата точка.

Тотенхем во следното коло ќе ја пречекаат екипата на Вотфорд, додека Брајтон ќе гостува кај Барнли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Девет гола сезонава: Несторовски двоен адут во триумфот на Славен Белупо

Илија Несторовски постигна два гола во гостинската победа од 5-3 против Горица. Македонски…