Дома Трансфер зона Марсијал заминува – Баерн и Јувентус се „тепаат“ за неговиот потпис

Марсијал заминува – Баерн и Јувентус се „тепаат“ за неговиот потпис

Францускиот репрезентативец Антони Марсијал на лето готово сигурно ќе го напушти Манчестер Јунајтед, а два европски гиганти веќе се борат за неговиот потпис.

Марсијал на лето ќе влезе во последната година од договорот со Манчестер Јунајтед, а со оглед дека не е задоволен од својот статус и минутажата која ја добива, го известил раководството на „црвените ѓаволи“ дека нема да стави потпис на нов договор.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тоа значи дека клубот од „Олд Трафорд“ ќе мора да го продаде ова лето, доколку сака да заработи на неговото заминување.

Најголем интерес за Марсијал покажуваат Јувентус и Баерн Минхен, кои веќе стапиле во контакт со неговиот менаџер.

Јувентус го сака Марсијал како замена за Марио Манџукиќ, додека во Минхен сметаат дека тој би бил идеален наследник за Франк Рибери.

Јунајтед за неговата слобода ќе бара 50 милиони евра, сума која двата клуба се спремни да ја платат.

Останува да видиме што ќе одлучи Марсијал – Серија А или Бундес лигата….

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…