Дома Останати Кошарка НБА Видео: Шампионот рутински, Мајами направи брејк

Видео: Шампионот рутински, Мајами направи брејк

Синоќа се одиграа само два натпревари во НБА лигата. Голден Стејт поведе со 2:0 против Сан Антонио, а Мајами ја изненади Филаделфија.

Мајами забележа триумф на гостински терен против Филаделфија со со резултат 113:103, а херој за „жешките“ беше Двејн Вејд, кој мечот го заврши со 28 поени, 7 скока и 3 асистенции.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ветеранот кај тимот од Флорида одигра перфектен меч и заедно со расположените Горан Драгиќ (20) и Џејмс Џонсон (18) се избори за предност на домашен терен во овогодишниот плејоф.

Во вториот натпревар од синоќешната програма, актуелниот шампион Голден Стејт Вориорс лесно го совлада тимот на Сан Антонио Спарс со резултат 116:101.

Кевин Дурент и Клеј Томпсон беа одлични, првиот со 32, вториот со 31 поен, а Ламаркус Олдриџ не можеше сам да го понесе Сан Антонио, па бадијала беа неговите 34 поени и 12 скока.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Шокантно тврдење: Алкараз намерно губел гемови

Поранешниот сопственик на неколку обложувалници во Русија, Михаел Салцман го обвини шпанск…