Дома Фудбал Голем удар за Баерн: Видал мора на операција!

Голем удар за Баерн: Видал мора на операција!

Баерн Минхен остана без еден од најважните фудбалери за дуелите против Реал Мадрид во полуфиналето од Лигата на шампиони.

Имено, Артуро Видал заработи повреда на вчерашниот тренинг, а денес тренерот Јуп Хејнкес потврди дека Чилеанецот ќе мора да оди на операција на коленото.

Голема е веројатноста сезоната за Видал да е завршена, но се уште нема официјална информација од Баерн колку точно ќе паузира играчот за врска.

Вчерашниот тренинг на кој Видал заработи повреда, беше прв тренинг за него после опоравувањето од претходната повреда.

Утре Баварците ќе му гостуваа на Леверкузен во полуфиналето од Купот на Германија, а на местото на Видал најверојатно ќе настапи Корентин Толисо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…