Чедомир Јаневски денес ќе си поднесе оставка од функцијата тренер на Вардар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
По серијата на лоши резултати Чеде е решен да го напушти кормилото, а на клупата на „црвено-црните“ најверојатно ќе седне Бобан Бабунски, пренесува „sport1“.
Јаневски и Вардар треба да ја официјализираат разделбата во текот на денот, а раководството на клубот веднаш потоа треба да го назначи Бабунски за нов тренер.
„Сѐ ќе се знае во текот на денот, тука сме со Чеде во базата, ако има нешто, ќе објавиме во текот на денот“, изјави за „sport1“ директорот на Вардар, Самоил Симев.