Дома Фудбал Германија Видео: Шалке ја победи Борусија во дербито – топвски удар на Налдо од 25 метри, Бурки гледач повеќе

Видео: Шалке ја победи Борусија во дербито – топвски удар на Налдо од 25 метри, Бурки гледач повеќе

Со головите на Јехвен Конопјанка во 50 и Налдо во 82 минута Шалке во дербито на 30 коло во Бундес лигата ја победи Борусија Дортмунд со 2:0.

За Шалке беше прва победа против Борусија од 2014 година, а прва со два разлика после пауза од 11 години. Шалке беше тимот кој повеќе напаѓаше во текот на целиот натпревар, а до водство стигна во 50 минута кога Калигури одзема една топката на центарот и го проигра Конопјанка кој погоди за 1:0.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Вториот гол беше вистински бомба од Налдо кој испрати топовски удар од околу 25 метри, а Бурки не се ни мрдна од местото.

Шалке со оваа победа се зацврсти на втората позиција додека Борусија во преостанатите четири кола ќе мора да ја брани четвртата позиција која води во Лигата на шампионите наредната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Дали со овој потег Гвардиола го откри првото летно засилување за Манчестер Сити?

По убедливата победа на Манчестер Сити, навивачите забележаа интересен миг на центарот на …