Ракометарките на Вардар со убедливи 32:25 го победија Митјиланд и по петти пат се пласираа на фајнл-фор турнирот во Будимпешта.
ЖРК Вардар имаше предност од еден гол и од првиот меч во Данска, но денеска само ја потврди супериорноста пред својата публика која за последен пат дојде да го види Вардар во овој состав.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Натпреварот беше неизвесен само во почетните минути, како одминуваше времето Вардар се одлепуваше, на полувремето се заминува со предност од 17:12 за македонскиот тим, а во продолжение само го одржуваа водството и на крајот славеа со 32:25 за завршување на една прекрасна приказна во „Јане Сандански“.
Најдобра беше Андреа Лекиќ со седум постигнати голови, Пенезиќ даде пет погодоци, по четири реализираа Радичевиќ, Кузњецова и Лакрабер. Кај Митјиланд најефикасна беше Кристијансен со девет голови.
Вардарки сега ќе атакуваат на европската круна на фајнал-фор турнирот во Будимпешта кој се игра на 12 и 13 мај.