Вардарци полесно од очекувањата успеаа да слават во дуелот со екипата на Брест Мешков (33:24) и да се пласираат во големото финале на СЕХА-лигата. Повеќе од заслужен триумф за црвено-црните, со оглед дека во текот на целиот натпревар имаа предност, а истовремено не му дозволија ниту во еден момент на противникот да биде во позитива. Оваа победа изразена со голема разлика, ја направи Арпад Штербик, кој го заврши натпреварот со дури 19 успешни интервенции, со што заслужено е прогласен од страна на СЕХА, за играч на овој полуфинален дуел.

Погледнете само дел од неговите магични одбрани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Ќе биде тешко: Еве кои земји се тркаат за ЕП кое и Македонија сака да организира!

Македонија е меѓу 11-те европски земји кои официјално покажаа интерес за организација на Е…