Дома Фудбал Англија Клоп за иднината на Салах: Тој тука се чуствува како дома

Клоп за иднината на Салах: Тој тука се чуствува како дома

Без никакви дилеми Мохамед Салах е помеѓу најдобрите фудбалери во светот.

Египќанецот игра навистина чудесно во дресот на Ливерпул оваа сезона и интерес за неговите услуги, според странските медиуми покажаа Пари Сен Жермен и Реал Мадрид.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Меѓутоа менаџерот на клубот од „Енфилд“, Јирген Клоп со последната изјава ги смири навивачите.

„Знам дека Мо тука се чуствува како дома. Знае дека околу него ја градиме играта и не сум загрижен поради приказните кои кружат“, изјави Клоп и така веројатно потврди дека Салах и наредната сезона ќе биде играч на „црвените“.

Наводно ПСЖ и Реал се спремни да издвојат огромни суми и да го направат Салах најскап фудбалер на сите времиња.

Салах оваа сезона настапи на 44 натпревари за Ливерпул и има учинок од 39 голови и 13 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо ќе го сонува: Обамејанг го сруши Наср во 87. минута (Видео)

Екипата на Квадија направи мало изненадување во дуелот од 28. коло на лигата на Саудиска А…