Ентони Џошуа изјави дека за 50 милиони долари ќе боксува со Вајлдер „уште утре“, нагласувајќи дека борбата мора да се одржи за доброто на боксот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Потсетуваме, Вајлдер неофицијално ја прифати борбата со Џошуа после победата над Паркер. Меѓутоа, преговорите се искомплицираа, па се уште се чека на точниот датум и местото на борбата.
Мора да се признае дека тоа е очекувано, бидејќи стануав збор за борба за светски шампион во тешка категорија, помеѓу двајцата најдобри боксери на светот.
„Ако е тоа борба од 100 милиони долари, а тие се задоволни со 60-40, најдобро би било да биде 50-50. Дајте ми 50 милиони долари и се колнам дека уште утре ја прифаќам борбата“, изјави Џошуа.
„Што се однесува до историјата, мислам дека оваа борба мора да се одржи бидејќи во спротивно ќе биде катастрифа за боксот“, додаде Британецот.