Конор Мекгрегор пред неколку дена буквално беснееше и фрли парче ограда кон автобусот кој пренесуваше УФЦ борци.
Мекгрегор го бараше Нурмагомедов со кого сакаше да се пресмета, а зад себе имаше и луѓе како приватно обезбедување. При нападот беше скршено стаклото на автобусот, а Мајк Чиеса се здоби со исекотина на лицето, повреден беше и еден работник од обезбедувањето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ден Вајт како прв човек на УФЦ потврди дека Чиеса веќе поднел тужба против Мекгрегор, а сосема сигурно е дека тоа ќе го направат и останатите борци кои имаат право. Покрај тоа се чека и тужба од УФЦ за нарушување на угледот.
По сето ова јасно е дека Мекгрегор поради непромислениот потег сигурно ќе мора да плати неколку милиони.