Дома Фудбал Лига на шампиони Роналдо вечерва против Јувентус ќе има дополнителен мотив

Роналдо вечерва против Јувентус ќе има дополнителен мотив

Кристиано Роналдо во вечерашниот натпревар против Јувентус ќе има и мотив повеќе…

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Португалецот секако ќе биде во тимот на Реал кој ги брани големите 0:3 од првиот натпревар. Роналдо ќе се обиде да го сруши сопствениот рекорд, но доколку вечерва погоди ќе биде осамен на првите три места кога во прашање се головите во една сезона во Лигата на шампионите.

Имено, во сезоната 2013-2014 постигна 17 погодоци, две години подоцна 15,  оваа сезона 14 колку што постигна Меси пред седум години и Алтафини за Милан уште во 1963 година.

Со нов гол во мрежата на Буфон Роналдо би застанал на првите три позиции по бројот на голови една сезона и ќе го продолжи патот кон соборување на сопствениот рекорд од 2014.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Валенсија избра: Ова е најдобрата одбрана на Димитриевски сезонава (Видео)

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски доби уште едно признание од својот …