Манчестер Јунајтед и Жозе Мурињо за викендот успеаа со пресврт да слават над градскиот ривал на „Итихад“, со оваа победа „специјалниот“ сруши и една неверојатна низа на Пеп Гвардиола.
Никогаш претходно во кариерата Гвардиола како тренер на два натпревари во низа не примил три погодоци, се до натпреварите против Ливерпул и Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако после 45 минути се водеше кон тоа дека Сити по натпреварот во градското дерби ќе ја прослави титулата шампион на Англија, сепак во вториот дел тимот на Мурињо постигна три погодоци и направи целосен пресврт.
Како што споменавме никогаш претходно, ниту во Сити, нити Барса и Баерн, на Гвардиола не му се случило неговиот тим да прими три погодоци на два натпревари по ред! Низата која беше прекината од Мурињо траеше неверојатни 514 натпревари!
На Гвардиола му останува да се надева дека ова е само краткотрајна и пролазна криза.
„Професионалци сме и ќе се обидеме да се собереме за натпреварот против Ливерпул“, изјави Пеп.