До крајот на сезоната во англиската Премиер лига остануваат уште пет кола, а интересна борба ќе се води за титулата најдобар стрелец во Англија.
Во овој момент на првото место на листата на стрелци се наоѓа Мохамед Салах кој во досегашниот дел од сезоната постигна дури 29 погодоци, а во наредните пет кола доколку се опорави од повредата ќе има прилика да го поправи својот учинок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, предноста на Кејн е што Тотенхем има еден натпревар помалку во однос на „црвените“ и до крајот на сезоната ќе одигра уште шест натпревар. Кејн во својата изјава за „ВВС“ истакна дека верува дека до крајот може да постигне повеќе голови од Салах.
„Се уште верувам дека можам да бидам најдобар стрелец и да бидам подобар од Салах. Пред нас се уште неколку натпревари, ќе останам максимално фокусиран, па ќе видиме кој на крајот ќе биде на тронот“, изјави Кејн и потоа зборуваше за голот против Стоук кој беше препишан на Ериксен.
„Се колнам во животот на мојата ќерка дека ја допрев топката пред да влезе во голот, но очигледно тука повеќе не можам да променам ништо. Прво ми беше признаен голот, па потоа го променија мислењето“, заврши Кејн.