Дома Трансфер зона Ново име на листата: Швајцарец се поврзува со клупата на Арсенал

Ново име на листата: Швајцарец се поврзува со клупата на Арсенал

Kлубот не се огласува, а во медиумите со клупата на Арсенал се поврзуваат неколку имиња.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Венгер е на мета на навивачите, голем број фанови на „топчиите“ сметаат дека неговото време е поминато и сакаат промена.

Французинот не сака да го напушти Арсенал, а во медиумите констатно се бара негов наследник. До сега во конкуренција за наследник на Венгер беа Томас Тухел, Масимилијано Алегри, па дури и Карло Анчелоти.

Денес францускиот „Л’Eкип“ додава ново име на листата и пишува дека стратегот на Ница, Лусијан Фавр би можел да го наследи Венгер.

Фавр неодамна побара раскинување на соработката со францускиот клуб на крајот од сезоната. Наводно добил понуда која сака да ја прифати, се шпекулира дека станува збор за Баерн Минхен или Арсенал.

Сепак, Венгер сосема сигурно дека ќе се бори да остане во клубот кој му ја обележи тренерската кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…