Порто на „Ендилд“ на 6. март остана непоразен, натпреварот заврши без голови, но „Змејовите“ го завршија елитното натпреварување за оваа сезона, бидејќи на свој терен беа празени со дури 5:0 од Ливерпул.
Икер Касиљас таа ноќ ги воодушеви сите на славниот стадион, успеа да ја сочува својата мрежа, а се истакна и со неколку одлични одбрани. Искусниот Шпанец на стартот од второто полувреме доби голем аплауз од најжестоките поддржувачи на екипата од „Енфилд“, а тој момент пријатно го изненади и воодушеви.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Сакам да се заблагодарам на сите навивачи на Ливерпул на овој прекрасен детал. Аплаудирањето на играч од противничкиот тим не е вообичаена работа“, изјави Касиљас по натпреварот.
Поранешниот голман на Реал Мадрид така можеби го одигра последниот натпревар во Лигата на Шампионите, бидејќи извесно е дека ќе го напушти Порто на крајот од сезоната. Меѓутоа, сега се појави солуција дека ќе ги засили токму „Црвените“. Наводно, славниот клуб е блиску до ангажирање на голманот, иако се споменуваше дека Шпанецот се договорил со Њукасл.
Мињоле и Кариус не ја оправдаа довербата на Клоп, првата мета е апсолутно нереалниот Алисон од Рома, но сега се шпекулира дека местото би можел да го пополни Касиљас, кој исто така има понуди и од Кина и од МЛС. Имено, во овој момент тој е голманот кој го сака Клоп, Германецот верува дека неговото искуство би можело многу да му значи на тимот. Одлуката дефинитивно ќе падне на 1. јули, кога и му истекува договорот.