Дома Фудбал Репрезентации Аргентинските медиуми: Двете ѕвезди остануваат „дома“, Сампаоли избрал 17 патници за Мундијалот

Аргентинските медиуми: Двете ѕвезди остануваат „дома“, Сампаоли избрал 17 патници за Мундијалот

Aргентинскиот селектор Жорге Сампаоли наводно веќе избрал 17 фудбалери на кои ќе смета на Светското првенство во Русија, пренесуваат медиумите во оваа земја.

Мундијалот во Русија е се поблиску, Сампаоли спрема список. Има играчи кои навистина вредат, а се поизвесно е дека во Русија нема да ги гледаме. Секако тука најмногу се мисли на Паоло Дибала и Мауро Икарди.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


За Икарди помалку или повеќе се знае, тој не е во составот бидејќи е непријател на Меси откако му ја „украде“ сопругата на својот пријател Макси Лопез, додека Дибала е сличен играч на Меси и Сампаоли смета дека не му е потребен уште еден таков играч во нападот.

Според медиумите во Аргентина сигурни патници во Русија се 17 играчи и тоа: Ромеро, Кабаљеро, Гузман (голмани), Отаменди, Маркадо, Фазио, Асуна, Тељафико (одбрана), Биља, Маскерано, Банега, Ланзини, Ло Селсо (средина), Агуеро, Ди Марија, Меси и Игуаин (напад).

Останува место за уште шестмина, Икарди и Дибала се надеваат и поголемиот дел од спортската јавност смета дека мораат да бидат во составот, но последниот збор ќе го има Сампаоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Изненадување: Интер ја следи ситуацијата околу Онана

Раководството на Интер внимателно го следи развојот на ситуацијата со голманот на Манчесте…