Норвешка ја продолжи доминацијата во женскиот ракомет откако во финалето на Европското првенство ја совлада Холандија 30:29 и го освои седмиот златен медал на континенталните првенства.
Холанѓанките први создадоа значителна предност 9:13 во 22 минута, моменти кога блескаше голманката Вестер. Имаа и три напади да ја зголемат предноста, кои поради технички грешки не ги реализираа и на Норвешка и овозможија до крајот на полувемето со серија 6:2 да обезбеди нерешено 15:15.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Израмнето започна и вториот дел се до 42 минута, кога во серија влезе норвешката голманка Гримзбо. Новежанките одбраните на својата голманка ги материјализираа и од 19:19 со „одлепија“ на 26:21, предност која се покаѓа како клучна за конечниот триумф.
Холандија се обиде во последните десет минути, стигна до гол негатива, но не и до целосен пресврт.
Нора Мерк ја предводеше Норвешка до титулата со 12 голови, додека на спортивната страна најефикасна беше Снелдер со шест голови.