Дома Трансфер зона Стравувал за својот живот – Наполи поради мафијата останува без засилувањето кое веќе го плати!?

Стравувал за својот живот – Наполи поради мафијата останува без засилувањето кое веќе го плати!?

junes

Екипата на Наполи остана без планираното засилување за летото и тоа поради мафијашката организација „Камора“.

Член на тимот од „Сао Паоло“ се очекуваше да стане фудбалерот на Ајакс, Амин Јунес (24), но Германецот се откажал од трансферот во Италија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Причина за неговото откажување се претставници на „Камора“, односно мафијашка организација со седиште во Неапол.

Јунес признава дека стравувал за својот живот. Фудбалерот тврди дека бил „очи в очи“ со членовите на „Камора“, но не објасни како дошло до таа средба, само на управата на Наполи и порача дека не сака да дојде во клубот.

Италијанскиот тим сега преку легален пат би можел да го примора 24 годишниот фудбалер да дојде во клубот бидејќи на негова сметка Италијанците веќе уплатиле одредена сума со цел да го обезбедат трансферот.

Исто така, како што наведува холандски Де Телеграф“, Јунед освен стравот од мафијата имал и лош разговор со тренерот Маурицио Сари кој неодамна му најавил дека во првите шест месеци од петгодишниот договор би имал значително помала минутажа со цел да се адаптира на новиот живот.

Јунес оваа сезона има многу проблеми во Ајакс, а во овој момент поради суспензија тренира со резервите на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…