Дома Фудбал Италија Балотели повеќе не е оној стариот: Имам две деца, лудувањето е минато

Балотели повеќе не е оној стариот: Имам две деца, лудувањето е минато

Контроверзниот италијански напаѓач Марио Балотели призна дека очекувал повик од селекторот за неодамна одиграните пријателски натпревари на репрезентацијата, сепак не го доби.

Балотели игра сосема солидна сезона во Ница и на вкупно 31 одигран натпревар постигна 22 погодоци. Неговиот проблем е што во овој момент Италија има одлични напаѓачи како Имобиле, Инсиње, Белоти...

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Супер Марио“ на сите начини се обидува да го убеди сојузот дека се променил и дека повеќе не е проблематичен.

„Да бидам искрен, очекував повик во репрезентацијата. Поискусен сум од порано, имам 27 години и две деца, времето во кое лудував е минато“, порача Балотели.

Поранешниот напаѓач на Интер, Манчестер Сити и Милан во текот на кариерата настапи на 33 натпревари за Италија и постигна 13 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јувентус постави две сериозни имиња за следната сезона

Јувентус се стреми да го зајакне средниот ред пред почетокот на следната сезона. “Га…