Селекцијата на Аргентина не го дочекува во добро расположение Светското првенство во Русија.
Јавноста во оваа земја е незадоволна од начинот на кој селекцијата ја води Сампаоли, а последниот пораз од Шпанија (6:1) во Мадрид посебно ги заболе.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Раководството на аргентинскиот Сојуз на сите начини се обидува да ја смири екипата. Така одлучиле во Русија како засилување на стручниот штаб да патува и поранешниот репрезентативец на оваа земја Пабло Аимар.
Поранешниот фудбалер на Валенсија, Бенфика и Ривер Плата е добар пријател на првата ѕвезда на тимот Лионел Меси.
Сега ќе има прилика со него да соработува во стручниот штаб. Аимар работеше со националниот тим на натпреварите против Италија и Шпанија, а сега службено е именуван за еден од помошниците на Сампаоли.
Аимар моментално ја има улогата селектор на У17 селекцијата на Аргентина, а во текот на кариерата дресот на Гаучосите го облече 52 пати и постигна осум голови.
Аргентина на Мундијалот во Русија во групната фаза ќе игра против селекциите на Исланд, Хрватска и Нигерија, а првенството го започнува на 16. јуни со дуелот против Исланд.