Дома Фудбал Репрезентации Откриена причината зошто Меси бесен ја напушти ВИП ложата (ВИДЕО)

Откриена причината зошто Меси бесен ја напушти ВИП ложата (ВИДЕО)

На срамниот и епски пораз на аргентинската репрезентација против Шпанија во Мадрид, сведочеше и Лео Меси. Магичниот Аргентинец го пропушти натпреварот поради болки во десниот препон на задната ложа.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Сведочејќи на еден од најголемите историски порази на репрезентацијата која два пати беше светски шампион, Лео Меси во свечената ложа делуваше бесно и нервозно. Шпанската доминација повтгорно го натера на размислување како со националната селекција можеби нема да се закити си шампионската титула. А за многумина без тој пехар никогаш нема да бидат најголем.

Не сакаше да ја одгледа завршницата бидејќи беше свесен за реалноста, откако Шпанија го прослави својот шести погодок, па симболично се повлече во внатрешноста на стадионот, а медиумите ширум светот се обидуваа да ја дознаат точната причина за напуштањето на ложата од страна на Меси.

Аргентинските медиуми денес објавија дека причината е едноставна. Најдобриот фудбалер на светот оддржал говор во соблекувалната деморализиран од соиграчите кои требаа да му помогнат во Русија да биде најдобар од било кога. Се обиде да им даде елан, свесен дека во состојбата каква што се најдоа немаа никакви шанси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Нема повеќе дилеми: Арбелоa потврди крај за две ѕвезди на Реал Мадрид

Реал Мадрид синоќа го победи Севилја на гостување со 1:0, во натпревар без резултатско зна…