Дома Останати Кошарка Најдобриот НБА тренер: Кога ја видов Југославија се чувствував како во продавница за колачи!

Најдобриот НБА тренер: Кога ја видов Југославија се чувствував како во продавница за колачи!

Славниот НБА тренер, Грег Попович откри зошто е еден од стручњаците кои најмногу верува во неамериканските кошаркари.

Во изминатите две децении има огромен број на европски и јужноамерикански кошаркари кои го носеа дресот на Сан Антонио предводен од Грег Попович.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Во светот има многу добри играчи, а јас тоа го сватив 80-те години од минатиот век. Тогаш бев на Европско првенство и бев еден од ретките Американци кои пристигнаа да го гледаат тоа натпреварување“, открива Попович.

„Ги гледав сите натпревари. Русија, па Југославија за која играа Владе Дивац, Дино Раџа, Тони Кукоч и останатите. Се чуствував како во продавница за колачи и се прашував каде играат овие момци и зошто не се во НБА. Кога почнаа да пристигнуваат во Америка на сите им беше јасно колку одговараат на нашата игра“, додаде славниот тренер.

Попович е инаку син од Србин и Хрватка, роден е во САД пред 69 години, а од 1996 година го предводи Сан Антонио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Неверојатниот Дончиќ продолжува да доминира, сè поблиску до наградата за МВП

Во кошаркарската ноќ на НБА, која понуди 12 натпревари, својата кандидатура за престижната…