Ентони Марсијал е блиску до заминување од Манчестер Јунајтед.
Експлозијата на Маркус Рашфорд и фактот што Мурињо повеќе му верува на Санчез, иако Чилеанецот барем засега не покажува ништо, би можеле да бидат причините поради кои Марсијал ќе го напушти „Олд Трафорд“.
Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓
За Марсијал интерес покажува Јувентус и наводно Италијанците се спремни да платат 70 милиони евра.
Како што пишуваат медиумите на Островот, Марсијал за евентуалниот трансфер во Јувентус разговорал и со неговиот сонародник кој е веќе член на Јувентус, Блез Матуиди.
Матуиди во Јувентус пристигна пред половина година од ПСЖ, а оваа сезона одигра 38 натпревари.
Марсијал поседува квалитети за најголемите клубови во Европа, а учинокот од 11 голови и 10 асистенции на 40 одиграни натпревари тоа го потврдува. Покрај Марсијал заедно со напаѓачот во Торино би можел да пристигне и италијанскиот дефанзивец Матео Дармијан кој не се снајде на „Олд Трафорд“.