Дома Фудбал Репрезентации Ихеаначо само полесно повреден, настапот на СП не е во прашање

Ихеаначо само полесно повреден, настапот на СП не е во прашање

Во репрезентацијата на Нигерија можат да здивнат. Иако повредата која ја здоби Ихеаначо пред пријателскиот натпревар против Србија на прв поглед делуваше сериозно, прегледите го докажаа обратното.

Напаѓачот на Лестер Сити се здоби со повреда на зглобот, а прегледите покажаа дека опоравувањето ќе трае десет дена, што значи дека неговиот настап на СП не е под знак прашање.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Тоа го потврдија и од таборот на премиерлигашот, но нема да брзаат со враќање на теренот.

 

Да потсетиме, Ихеаначо е член на Лестер од август минатата година кога пристигна од Манчестер Сити. Оваа сезона одигра 15 натпревари во првенството и постигна еден гол и две асистенции.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Стрелецот на еден од најубавите голови во историјата на Премиер лигата потпиша за својот 16. клуб во кариерата (Видео)

Поранешниот долготраен репрезентативец на Англија, Андрос Таунсенд, ја продолжува својата …