Како што пренесуваат француските медиуми, поливалентниот фудбалер се наоѓа близу преселба на „Паркот на принцовите“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Бразилецот Фабињо блескаше изминатата сезона во дресот на „Кнежевите“, кои ја воодушевија Европа, се пласираа во полуфиналето во ЛШ и ја освоија француската Лига 1.
Сепак, тој е еден од ретките кои преку летото останаа во клубот, и покрај тоа што голем интерес за неговите услуги покажа и Манчестер Јунајтед.
Беше Бразилецот пред преминување на „Олд Трафорд“, но на крајот сепак остана на стадионот „Луј Втори“.
Ова лето сепак е друга приказна, тешко Монако да успее да го задржи фантастичниот Бразилец, а според пишувањата на француските медиуми, ПСЖ моментално е најблиску до неговиот потпис.
Парижаните повторно испаднаа во осминафиналето во ЛШ, цената веројатно ќе ја плати тренерот Унаи Емери, а јасно е дека управата ќе се обиде да го засили ростерот со квалитетни засилувања.
Според „Канал +“, веќе во текот на април Фабињо би можел да го договори својот трансфер во редовите на тимот од престолнината.