Реал Мадрид го обезбеди потписот на неверојатно талентираниот фудбалер кој го носи дресот на Фламенго, сега тој зборуваше за споредбите со неговиот сонародник Нејмар.
Винисус често пати е споредуван со Нејмар, но тој тврди дека сака да изгради сопствено име и не сака да биде споредуван со никого.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не сакам да бидам новиот Нејмар. Тој навистина направи многу во кариерата, но јас мислам само на себе. Не сакам да бидам споредуван, ниту пак да бидам како него. Сакам да градам сопствена кариера, да имам голем успех и да го израдувам Бразил“, изјави младиот фудбалер.
Иако има само 17 години Винисус одигра повеќе од 50 натпревари за првиот тим на Фламенго и постигна 10 погодоци.