Реал Мадрид на крајот на сезоната после десет години ќе се раздели со дефанзивецот Пепе, а шпанските медиуми пренесуваат дека раководството на „кралскиот“ клуб веќе нашло замена за Португалецот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Станува збор за фудбалерот на Борусија Дортмунд, Сократис Папастатопулос, кого „кралевите“ го следат веќе подолго време и медиумите тврдат дека токму Гркот е трансфер цел број еден за засилување на дефанзивната линија.
Папастатопулос веќе седум сезони е во Бундес лигата, а претходно го носеше дресот на Милан, но „милионерите“ сигурно нема лесно да се откажат од него, па Реал треба да спреми примамлива понуда.