Дома Фудбал Лига на шампиони 80.000 влезници за 8 минути = 10.000 во минута, звучи невозможно?! Не и кога Јуве гостува во Мадрид!

80.000 влезници за 8 минути = 10.000 во минута, звучи невозможно?! Не и кога Јуве гостува во Мадрид!

ronaldo

На почетокот на април фудбалскиот свет го очекува ¼ финалето во Лигата на шампионите во кое ќе се сретнат Реал Мадрид и Јувентус.

Првиот натпревар е закажан за 3 април, додека реваншот се игра на „Сантијаго Бернабеу“ седум дена подоцна. Стадионот на Јувентус е од поодмна распородаден, но картите за реваншот во Мадрид ги „снема“ во рекорден период.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Сигурно дека овој двомеч привлекува најголемо внимание, а изгледа дека навивачите на Реал не можат да го дочекаат реваншот кога Јувентус ќе гостува на „Бернабеу“.

Интересот за реваншот беше огромен и 81.044 влезници беа распородадени за верувале или не осум минути. Што значи повеќе од 10.000 влезници во минута!

Значи, влезниците за натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Јувентус беа пуштени утрово во 10:00 часот, а веќе во 10:08 целиот стадион беше распродаден.

До влезници за овој натпревар можеа да дојдат само фановите на кои имаат сензонски карти за натпреварите на Реал Мадрид во Ла лига кои имаат предност при купувањето карти за сите останати натпревари на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Манчестер Јунајтед спреми отказ за Тен Хаг

Манчстер Јунајтед ќе му врачи отказ на тренерот Ерик Тен Хаг, тврдат медиумите блиски до к…