Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп е спремен да плати 100 милиони евра за германскиот напаѓач Тимо Вернер, пренесува „Билд“.
22-годишниот Германец брилјира оваа сезона во дресот на Лајпциг, а „Билд“ тврди дека Клоп е спремен да плати неверојатни 100 милиони евра за неговиот потпис.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тимо Вернер оваа сезона на 37 натпревари веќе постигна 18 гола, а Ливерпул наводно веќе го контактирал неговиот агент.
Напаѓачот е спремен да ја промени средината и сака да ги слушне сите понуди на заинтересираните клубови, па поради тоа „црвените“ сакаат да ја победат конкуренцијата и што е можно побрзо да го договорат трансферот.
Вернер неодамна истакна дека би сакал да се пресели во Премиер лигата, но откри дека неговиот сон е да игра за Манчестер Јунајтед.