Дома Топ вести Мурињо спреми 50 милиони за својот миленик од Реал Мадрид

Мурињо спреми 50 милиони за својот миленик од Реал Мадрид

Манчестер Јунајтед е сериозно заинтересиран за дефанзивецот на Реал Мадрид Рафаел Варан, пренесуваат англиските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од „Олд Трафорд“ се подготвени да платат 50 милиони фунти за потписот на 24-годишниот дефанзивец.

Самиот Варан призна дека контактирал со претставници на англискиот клуб, а извори блиски до фудбалерот тврдат дека е отворен за преселба на „Олд Трафорд“.

Французинот има договор со Реал до јуни 2022 година, а во оваа сезона одигра 33 натпревари во сите натпреварувања.

Варан пристигна во Мадрид токму по барање на Мурињо и Португалецот до сега имаше неколку обиди да го донесе во Премиер лигата.

Доведување на врвен централен дефанзивец е приоритет на Манчестер Јунајтед, па доколку не успее да го реализира трансферот на Варан, ќе се насочи кон Умтити од Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…