Дома Фудбал Англија Лестер ја најде замената за Марез

Лестер ја најде замената за Марез

Ријад Марез веројатно ќе ја напушти екипата на Лестер во летниот преоден рок, а раководството на тимот веќе најде негова замена.

Нов член на Лисиците веројатно ќе стане норвешкиот фудбалер Мохамед Елиунуси, моментално член на Базел, каде бележи фантастични игри.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Елиунуси воодушеви и во настапите во ЛШ. Постојат многу екипи кои се спремни да го донесат, но за сега тој е најблиску до Лестер.

Таму ќе го замени Марез. Алжирецот одлучи да замине по крајот на сезоната. Се претпоставува дека негов нов тим ќе биде Рома.

Мохамед Елиунуси е член на Базел од 2016. година. Пристигна од Молде, а за швајцарскиот великан одигра 64 натпревари и постигна 16 погодоци.

За репрезентацијата на Норвешка овој фудбалер настапил 14 пати и четири пати ја погодил противничката мрежа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Крај на штрајкот: Кристијано Роналдо се враќа во играта

Бел чад во Ријад. Конфликтот, кој го парализираше Ал-Наср и ја задржа фудбалската јавност …