Дома Останати Тенис Ѓоковиќ: Далеку сум од максиумот, но веќе не чуствувам болка

Ѓоковиќ: Далеку сум од максиумот, но веќе не чуствувам болка

Некогаш најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ во последно време не е ни блиску до посакуваното ниво, а причината за драстичниот пад лежи најмногу во проблемите со повредите.

Ѓоковиќ после операцијата на лактот се врати на теренот и тоана Индијан Велс, каде веднаш на стартот беше елиминиран од Даниел.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Се уште не сум во својaта најдобра состојба, далеку сум од максиумот но последните два дена не почуствував болка и во состојба сум да се концентрирам само на играта. Тоа е прилично освежување после се. После долго време се чуствувам добро, размислувам за тенисот, а не за тоа дали ќе имам болки или не. Беше тоа фрустрирачки период. “ – започна Ѓоковиќ па продолжи:

„Научив многу за себе. Беше голем благослов да поминам преку ова. Последните шест-седум години бев доста успешен во овој спорт и сум благодарен на тоа, но очигледно морав да се соочам со различните околности и ситуации со кои никогаш се немав соочено.“

Новак Ѓоковиќ  ќе настапи на Мастерсот во Мајами каде во второто коло ќе игра против подобриот од дуелот Зверев – Пер.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Првиот ден на Ролан Гарос ќе помине во чест на Рафаел Надал (Фото)

Раководството на Ролан Гарос соопшти дека ќе оддаде посебна чест на живата легенда на овој…