Дома Фудбал Останато Колку повеќе погодува толку повеќе ќе се зборува – 11 минути бесплатен разговор за секој гол на Салах

Колку повеќе погодува толку повеќе ќе се зборува – 11 минути бесплатен разговор за секој гол на Салах

Египќанецот Мохамед Салах игра во навистина неверојатна форма и целиот свет е воодушевен од неговите квалитети.

Салах во својот Египет има статус на вистински „фараон“. Тоа не е така само поради игрите кои ги прикажува на теренот, туку и поради добрите дела.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Не треба да се заборави и дека Салах е лидер на генерацијата на Египет, земја која за прв пат после 1990 година ова лето ќе игра на еден Мундијал.

Колкава значење има Салах во Египет покажува и последната акција на мобилниот оператор „Водафон“. Имено оваа телефонска компанија на сите свои корисници ќе им доделува 11 минути бесплатен разговор за секој гол на фудбалерот, без разлика дали тој е во Премиер лигата или Лигата на шампионите.

Минутажата на разговорот е донесена според дресот на бројот кој Салах го носи на својот грб.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Салах е најсебичниот играч кој некогаш сум го видел“

Во натпреварите кои се последни за Клоп на клупата на Ливерпул, германскиот стратег влезе …