Дома Фудбал Останато Роналдо: Продолжувам да докажувам дека сум најдобриот!

Роналдо: Продолжувам да докажувам дека сум најдобриот!

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо и понатаму е убеден дека во светот нема подобар фудбалер од него.

„Секогаш кажувам дека сум најдобриот, бидејќи верувам во тоа и секојдневно го докажувам на теренот“, изјави Роналдо за време на церемонијата на која ја доби наградата за фудбалер на годината во Португалија.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Ова е прекрасен момент и сакам да ја споделам радостасо моите соиграчи. Минатата година беше исклучителна за мене како на индивидуално, така и на тимско ниво. Освоив пет трофеи со Реал, ја добив Златната топка и три деца за три месеци. Оваа награда им ја посветувам на моите четири деца“, истакна Роналдо.

Роналдо доби најмогу гласови од португалските новинари пред голманот на Спортинг, Руи Патрисио и ѕвездата на Сити, Бернардо Силва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Димитриевски: Треба да ги поправиме грешките и мора да го дадеме најдоброто од себе за Македонија

Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски, се обрати на прес-к…