Дома Фудбал Дешамп откри: Погба не е среќен во Манчестер Јунајтед

Дешамп откри: Погба не е среќен во Манчестер Јунајтед

Селекторот на француската репрезентација, Дидие Дешамп го коментираше падот на формата на Пол Погба и шпекулациите за негов конфликт со Жозе Мурињо.

Погба на последните три натпревари за Манчестер Јунајтед беше на клупата за резерви, а на негово место играше младиот МекТомини.

„Не знам точно каков е проблемот, но ќе разберам. Јасно е дека Пол не е среќен од моменталната ситуација во Манчестер Јунајтед. Причините за ваквата ситуација можат да бидат различни, јас ќе разговарам со него и ќе се обидам да му помогнам“, изјави Дешамп.

Пред неколку дена поранешниот француски репрезентативец, Кристоф Дугари го советуваше Погба да го напушти Манчестер Јунајтед, а се погласни се шпекулациите дека Французинот е во конфликт со Жозе Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чешка со нови отсуства во Осиек: Хрватска ја дели бод од опстанок

Провод и Шуберт поради болест нема да патуваат за Осиек. Чесите мора да победат, а на Хрва…