Дома Фудбал Англија И конечно проработи таа машинерија: Челзи го добива на дело кога е најпотребно (ВИДЕО)

И конечно проработи таа машинерија: Челзи го добива на дело кога е најпотребно (ВИДЕО)

Фудбалерите на Челзи гостуваат на „Кинг Пауер“ стадионот кај екипата на Лестер во рамки на четвртфиналето во ФА Купот.

По 45. минута игра „Плавите“ имаа водство со 1:0, а единствениот погодок го постигна Алваро Мората.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Момчето кое летово пристигна од мадридски Реал на „Стемфорд Бриџ“ веќе подолг временски период е во криза.

Погодок не постигна уште од декември изминатата година, на 13 врзани дуели не успеваше да се запише во листата на стрелците.

Денес тоа му појде од рака, Вилијан фантастично повлече контра на Челзи, проигра во вистински момент со Мората, а тој постигна фантастичен погодок.

Погледнете во продолжение

https://www.youtube.com/watch?v=9izplcxbveg

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мењан наскоро става потпис

Италијанските медиуми пренесуваат дека Мајк Мењан, кој моментално брани за Милан, е во нап…