Италијанските медиуми тврдат дека Наполи го договорил првото зимско засилување, а станува збор за напаѓачот на Џенова, Леонардо Паволчети.
„Во јануари сигурно ќе донесеме едно засилување во нападот. Наскоро ќе се врати и Милик после повредата, па за натпреварот против Реал практично ќе имаме двајца нови напаѓачи“, изјави Де Лаурентис.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Паволети веќе подолго време е трансфер цел на Наполи, а медиумите тврдат дека двата клуба конечно постигнале договор за трансферот.
Наплитанците ќе платат 18 милиони евра за италијанскиот репрезентативец, а трансферот ќе биде комплетиран на 3-ти јануари кога и официјално ќе биде отворен зимскиот преоден рок.
Со доаѓањето на Паволети и враќањето на Милак наполи ќе има двајца силни напаѓачи, а тоа ќе значи и заминување на Маноло Габиадини, кој не се снајде најдобро во Неапол.