Дома Фудбал Италија Во чест на капитенот: Се гради музеј посветен на Давиде Астори

Во чест на капитенот: Се гради музеј посветен на Давиде Астори

Дефанзивецот на тимот од Фиренца почина во сон на 4. март пред мечот со Удинезе, а неговото прерано заминување ги погоди сите љубители на италијанскиит фудбал.

Десеттина илјади навивачи, фудбалери и познати личности беа на погребот на Давиде Астори, а навивачите од него се простија со многу транспаренти и испишани пораки по целиот град.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ниедна порака која ја оставија нема да биде уништена. Раководството на Фиорентина сите предмети ќе ги постават во музеј кој ќе биде изграден во чест на починатот фудбалер и така заекогаш ќе останат спомените на него.

На овој потег се одлучија по разговорот со семејството, а музејот ќе биде отворен во следниот период. Покрај тоа, неговиот број 13 кој го носеше во Фиорентина, ќе биде повлечен од употреба.

Астори за Фиорентина одигра 109 натпревари и постигна три погодоци, а настапуваше уште за Рома, Каљари, Кремонесе, додека за селекцијата на Италија настапи 14 пати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…