Дома Фудбал Мане верува: Можеме да ја освоиме Лигата на шампиони!

Мане верува: Можеме да ја освоиме Лигата на шампиони!

Ѕвездата на Ливерпул, Садио Мане верува дека „црвените“ имаат квалитет да ја освојат титулата во Лигата на шампиони.

Петкратниот европски шампион го декласираше Порто во осминафиналето со 5:0 и утре го очекува противникот во четвртфиналето.

„Во турнирот останаа скоро сите топ клубови. Знаеме дека ако сакаме да станеме шампиони, треба да веруваме во себе си“, изјави Мане.

„Имаме квалитет да го победиме секој тим во светот и ќе се обидеме да го направиме тоа. Сакаме да го освоиме тој трофеј и сигурен сум дека можеме да го направиме тоа прв пат после 2005 година“, оптимист е Мане.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи притиска за Скот: Борнмут бара повеќе од 100 милиони фунти!

Лондонскиот клуб ги обновил разговорите за Алекс Скот и верува дека може да го доведе во ј…