Манчестер Јунајтед вчера беше поразен од Севиља и доживеа елиминација од најелитното европско натпреварување.
Секако по натпреварот сите ја очекуваа изјавата на Португалецот, Мурињо на конференцијата порача дека е поразите се составен дел од фудбалот и животот, како и дека утре е нов ден.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фановите на Јунајтед на Твитер дури и бараа негова оставка, а со новата изјава веројатно уште повеќе ќе го навлече гневот на фановите, иако веројатно не мислеше ништо лошо.
„Го исфрлил Манчестер Јунајтед со Порто, потоа со Реал, во суштина ова вечерва не е ништо ново за овој клуб“, изјави Мурињо.
По оваа негова изјава сигурно дека ќе се зголеми бројот на фанови кои ќе посакуваат тој да го напушти клубот.