Дома Фудбал Катастрофална вечер – Санчез постави негативен рекорд во Лигата на шампионите

Катастрофална вечер – Санчез постави негативен рекорд во Лигата на шампионите

Манчестер Јунајтед во вчерашниот натпревар доживеа пораз во Лигата на шампионите од тимот на Севиља (1:2), а со самото тоа и елиминација од најелитното европско натпреварување.

Секако, по натпреварот голем дел од фудбалерите на „ѓаволите“ беа на удар на навивачите поради лошиот настап, како и тренерот Жозе Мурињо.

Еден од фудбалерите кои беше најмногу критикуван е Чилеанецот Алексис Санчез кој постави негативен рекорд за оваа сезона во Лигата на шампионите.

Имено, Санчез против Севиља изгубил дури 42 топки што е повеќе од било кој играч оваа сезона во ова натпреварување.

По ова јасно е зошто легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс по вчерашниот натпревар истакна дека кога тој би бил менаџер би го седнал Санчез на клупата за резерви.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Канаваро ја откри големата желба: Сакам да ја водам Италија!

Фабио Канаваро мечтае за клупата на „аѕурите“, а сè уште нема одговор зошто Удинезе не го …