Во јавноста во изминативе денови имаше голем простор за фудбалерот на ПСЖ, Дани Алвеш, кој дрско и несовесно ја прокоментира смртта на Давиде Астори.
Тој се почесто го зазема медиумскиот простор, а се чини тоа е поради тоа што тој нема влакна на јазикот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, контраверзен беше Алвеш и во своето последно интервју дадено за ТВ „Ешпорте Еспектакулар“.
„Фудбалот повеќе не е ист оној кој ми даде мотив да станам фудбалер. Ова денес е бизнис. За среќа моите деца не го сакаат фудбалот, кој стана вистинска професија, па се помалку уживам додека играм“, истакна Алвеш.
Во интервјуто, Бразилецот ја искоментира и атмосферата во ПСЖ во чии редови прејде изминатово лето.
„Секогаш сум учел од поразите, тие не се случајни. Идентично како поразот од Реал се случи и на изминатиот Мундијал во Бразил. Недостасува хемија во нашиот тим и тоа е евидентно, тоа се гледа низ поразите кога се забележува како еден тим функционира. Процесот ќе потрае, па тешко ќе биде да се создадат хармонични односи во соблекувалната“, додаде бразилскиот интернационалец.
Во однос на Нејмар, Алвеш прокоментира дека тој се уште е дете и натаму расте и созрева. Не е доволно вели зрел да се носи со некои проблеми. Мора да еволуира и да се посвети на нешто друго, вели Алвеш за својот пријател од репрезентацијата и клубот.