Дома Фудбал Останато Пропушта цела недела тренинзи и натпревар против ПСВ за да спаси нечиј живот

Пропушта цела недела тренинзи и натпревар против ПСВ за да спаси нечиј живот

Фудбалерот на Венло, Ленарт Тај нема да игра во наредниот натпревар на својот тим против ПСВ, но поради навистина голем гест од негова страна.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Тај пред седум години ја понуди својата крв за луѓето кои боледуваат од леукемија и доколку неговата ДНК се поклопува им порача веднаш да го побараат.

Денес, седум години подоцна неговиот телефон заѕвони, а овој 26 годишен не размислуваше долго и одлучи да ја даде својата крв.

Од холандскиот клуб денес објавија дека Тај нема да тренира оваа недела и дека ќе го пропушти натпреварот против ПСВ.

Меѓутоа од клубот порачаа дека се горди на него бидејќи ќе може да спаси еден живот што е многу поважно од еден натпревар.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Се појави снимка поради која целиот свет мисли дека резултатот меѓу Алжир и Австрија е договорен (Видео)

Со поделба на бодовите (3:3) во последниот натпревар од групната фаза, фудбалерите на Алжи…