Дома Останати Тенис Федерер за поразот на Ѓоковиќ: За мене тоа не е изненадување

Федерер за поразот на Ѓоковиќ: За мене тоа не е изненадување

Роџер Федерер вечерва со почеток во 21 часот во рамките на турнирот Индијан Велс ќе се сретне со Србинот Филип Крајновиќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Швајцарецот во денешното интервју пред мечот зборуваше за поразот на Новак Ѓоковиќ кој и денес е главна тема.

За Новак тоа беше прв настап после поразот од Кореецот Чунг на Австралија Опен, српскиот тенисер беше поразен од Јапонецот Торо Даниел кој е рангиран на 109 позиција на АТП листата.

Овој меч покажа дека Ѓоковиќ е далеку од вистинската форма и дека веројатно погрешил што воопшто се пријавил на овој турнир, свој коментар даде и лидерот на АТП листата, Роџер Федерер.

„За мене тоа воопшто не е изненадување. Кога паузирате повеќе од два месеци тоа се чуствува. Кога нема да играте толку долг период поради повреда потребен е поголем напор“, изјави Федерер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Сабаленка објави фотографии во провокативен костим и ги воодушеви фановите (Фото)

Најдобрата тенисерка на светот, Арјна Сабаленка, објави фотографии од снимањето за списани…